Дома Фудбал Останато Кавани призна: Имам проблем со Нејмар!

Кавани призна: Имам проблем со Нејмар!

Напаѓачот на Пари Сент Жермен, Едисон Кавани призна во едно интервју дека имал проблеми со Нејмар на почетокот на сезоната.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Двете ѕвезди се расправаа кој да изведе пенал, а после тоа анимозитетот на секој меч беше видливо изразен.

„Вистина, имавме проблем. Потоа разговаравме и јас му реков дека сум првиот кој сака да ги освои сите индивидуални награди и дека ќе му помогнам во тоа, но само под еден услов“, открива Кавани.

„Треба тимските интереси да му бидат пред личните. Јас во фудбалот сум работник, не сум ѕвезда. Доколку можам да и помогнам на ѕвездата која игра со мене во тимот – ќе и помогнам. Меѓутоа, целите на колективот се пред се. Така постепено почнавме да се разбираме“, додаде Уругваецот.

Навивачите на ПСЖ го поддржаа Кавани во расправијата со Нејмар.

„Го исвиркуваа, а тоа не е лесно за еден фудбалер. Не би сакал да бидам на негово место“, истакна Кавани кој додаде дека сака до крај да го одработи договорот со „светците“.

Еве зошто обложувачите во Македонија ја обожаваат Coinbet24!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трансфер бомба: Баерн преговара со Хрват!

Баерн го потврди освојувањето на титулата во Бундеслигата со убедлива победа над Келн со р…