Дома Останати Кабиб се спрема за Мејведер, а подобар тренер не може ниту да замисли!

Кабиб се спрема за Мејведер, а подобар тренер не може ниту да замисли!

kabib

Непоразените борци, УФЦ Шампионот, Кабиб Нурмагомедов и легендарниот боксер Флојд Мејведер на големо договараат нов спектакл, а Дагестанецот изгледа ќе добие голема помош.

Како што пренесуваат светските медиуми, таткото на Кабиб, Абдуламанап Нурмагомедов потврди дека, ни повеќе, ниту помалку лично Мајк Тајсон ќе го спрема неговиот син за големата борба.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Исто така руската новинска агенција ТАСС пренеусва дека во неговиот тим најверојатно ќе биде и Антоли Ломаченко, таткото на освојувачот на две олимписки злата, Василиј.

„Кабиб ќе има своја шанса да се проба во боксот. Ќе има подобро прилика отколку Мекгрегор. Кабиб ќе влезе во судир со Американец. Сакам најдобрите боксери на светот Ломанчеко и Тајсон да бидат во аголот додека мојот син боксува“, изјави таткото на УФЦ борецот.

Двата борци засега се без пораз, Мејведер има 50 победи, додека Русинот има 27, а како и што двајцата се согласија во „џунглата“ има место само за еден крал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…