Дома Останати Кабиб: Се работи за големи пари, секогаш ќе ме бараат да се вратам

Кабиб: Се работи за големи пари, секогаш ќе ме бараат да се вратам

Oвие денови многу се зборува за можното враќање на Кабиб Нурмагомедов во октагон, иако тој после победата против Гејџи порача дека оди во пензија.

Дајна Вајт во едно интервју дури и изјави дека би се обложил дека Кабиб ќе се врати. Меѓутоа таквите најави Кабиб ги демантираше.

„Цело време ќе има шпекулации за мое враќање. Така ќе биде затоа што Вајт и другите кои би го наследиле во иднина секогаш ќе сакаат да се борам. Станува збор за големи пари, знам дека ќе продолжат да ме бараат“, изјави Кабиб ја објасни.

„Што ако се борам уште еднаш? Ќе дојде после некој кој има 7-8 победи по ред и ќе сакаат и со него да се борам. Тоа е приказна која нема крај. Јас имав цел да стигнам до некое ниво и го направив тоа, можам да продолжам да се борам и многу да заработам, но во иднина парите ќе ги заработувам на друго место“, порача Кабиб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

„Светците“ подобри од „ѓаволите“, Жиру имаше шоу во Севиља🎥

ПСЖ го освои „Олд Трафорд“, фаворитите  немаа проблем вечерва во Лигата на шампиони. Гости…