Дома Останати „Кабиб не е само борач, многумина би заспале од неговиот аперкат“

„Кабиб не е само борач, многумина би заспале од неговиот аперкат“

Tренерот на Кабиб Нурмагомедов Хавиер Мендес тврди дека Кабиб ги има сите вештини кои се потребни и дека не е само борач како што многумина тврдат.

Мендес истакнува дека Кабиб многу лесно може да ги нокаутира своите противници, како посебна опасност го истакна неговиот аперкат.

„Може без проблем да го испрати противникот на спиење. Малку фалеше да го нокаутира Конор и многумина би заспале од неговиот аперкат“, тврди Мендес.

Исто така тврди дека Кабиб намерно една рунда со Мекгрегор поминал на нозе.

„Цела рунда помина на нозе само затоа што тоа го сакаше. Немаше никаква штета, беше еднаков со најдобриот ударач во лесна категорија во историјата“, изјави Мендес.

Ќе потсетиме Кабиб го победи Конор во 2018 година со гушење во четвртата рунда.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Рио 2016: Се сеќавате на трката во која „малиот“ си го победи својот идол? (ВИДЕО)

Рио, Олимпијада, 2016. Финале на 100 метри пеперутка. Фелпс е тука за да постави уште една…