Дома Останати Кабиб има голема идеја: Да се бориме во Африка и да помогнеме

Кабиб има голема идеја: Да се бориме во Африка и да помогнеме

Кабиб Нурмагомедов пред неколку дена во Абу Даби го совлада Дастин Пориер и така ја одбрани титулата УФЦ шампион во лесна категорија.

Дагестанецот така се уште остана непоразен и дојде до скор 28:0, а после натпреварот беше задоволен и посебно ги пофали сите членови на неговиот тим.

Покрај тоа што е одличен борец Кабиб е познат и како голем хуманитарец, а откри и дека има план да им помогне на децата во Африка.

„Ја изградија оваа арена за два месеци, а можат тоа да го направат било каде во Конго или Нигерија. Може да се бориме таму и да заработиме пари кои би оделе во хуманитарни цели. Африка е во навистина лоша ситуација, многу места немаа чиста вода за пиење, луѓето не разговараат за тоа, а треба. Во Африка би можеле да се бориме во јануари, феврар или март. Сигурно можат да се соберат помеѓу 50 и 80 милиони долари тоа се пари кои би завршиле одлична работа“, изјави Кабиб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ може да остане без главниот спонзор

Француската компанија „Лакост“ би можела да ја прекине соработката со Новак Ѓоковиќ. Ѓоков…