Дома Останати Кошарка НБА И 57 поени на Џејмс Харден не се доволни за Хјустон да победи (ВИДЕО)

И 57 поени на Џејмс Харден не се доволни за Хјустон да победи (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни девет натпревари.

Вечерта во НБА лигата ја обележи неверојатниот Џејмс Харден. Иако Хјустон доживеа пораз од Мемфис после продолженија (126:125) Харден имаше фантастичен учинок од 57 поени, осум асистенции и седум скокови.

Ваквите бројки не беа доволни за тој да се израдува на победа. На другата страна за Мемфис Мајк Конли уфрли 35 поени, додека Јонас Валанчиунас натпреварот го заврши со 33 поени и 15 скокови.

Харден со овие поени стана само третиот кошаркар во историјата што постигна +50 поени на два натпревари против ист противник во една сезона во последните 30 години, претходно тоа им успеа на Коби Брајант и Мајкл Џордан.

Освен тоа вкупно ова беше негов седми натпревар со +50 поени оваа сезона со што е самиот вториот играч со таков учинок, првиот е Вилт Чемберлен.

Во натпреварот помеѓу Босанецот Јусуф Нуркиќ и Словенецот Лука Дончиќ се радуваше Нуркиќ. Босанецот за 22 минути поминати на паркетот уфрли 13 поени и запиша 10 скокови. Демијан Лилард го предводеше Портланд со 33 поени, Дончиќ на другата страна уфрли 24 поени.

НБА:

Кливленд – Милвоки 107:102

Орландо – Њу Орлеанс 119:96

Филаделфија – Јута 116:137

Чикаго – Вашингтон 126:120

Мемфис – Хјустон 126:125

Сан Антонио – Мајами 105:110

Оклахома – Торонто 114:123

Портланд – Далас 126:118

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

НБА легендата смисли прекар за Дончиќ

Иако повеќе од една година воодушевува во НБА лигата, Лука Дончиќ се уште нема свој прекар…