Дома Останати И Ѓоковиќ не е тоа што беше – Кириос му го направи есапот

И Ѓоковиќ не е тоа што беше – Кириос му го направи есапот

Иако пред неколку дена зборуваше дека се чувствува многу подобро отколку претходните месеци на психолошки план, тој утринава доживеа елиминација од турнирот во Акапулко откако загуби од Ник Кириос од Австралија со 0-2 (6-7, 5-7).

Иако станува збор за тенисер со најдобар ритерн, Ѓоковиќ не можеше да најде одговор за одличниот сервис на Кириос кој оствари дури 25 аса и имаше 81% успешност на прв сервис. Целиот меч беше тесен, а за неизвесноста најдобро зборува фактот што двајцата тенисери имаа по само една брејк топка при што Ѓоковиќ својата не ја искористи, а Кириос во последниот гем воопшто не му остави надеж на својот ривал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


За пласман во финалето, Австралиецот ќе игра со Сем Квери, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат Чилиќ и Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ доби нова улога заедно со најубавата спортистка на светот

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, и една од највлијателните спортистки на…