Дома Фудбал Лига на шампиони И со него некој да си поигра: Мбапе си доби „мрежички“ од Нејмар (ВИДЕО)

И со него некој да си поигра: Мбапе си доби „мрежички“ од Нејмар (ВИДЕО)

Бразилецот е добро расположен пред важниот натпревар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нејмар после репрезентативните обврски доби нешто подолг одмор со цел да биде во целост спремен за важниот натпревар во Лигата на шампионите.

И Тухел знае колку ПСЖ е доминантен во Лига 1 и дека никој не може сериозно да им се закани, па со причина на Бразилецот му даде дополнителен одмор.
Не очекува возбудлив натпревар на „Паркот на принцовите“, а очигледно Нејмар е одлично расположен пред овој натпревар.

Имено, тој на еден од тренинзите го искористи невниманието на Килијан Мбапе и му ја протна топката низ нозете, Французинот според реакцијата дефинитивно не очекуваше такво нешто од соиграчот.

Бразилецот потоа продолжи да се смее и да го прославува потегот, а и останатите соиграчи уживаа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…