Дома Фудбал Франција И Рамос дојде на ред кај фановите на ПСЖ

И Рамос дојде на ред кај фановите на ПСЖ

ПСЖ во 30. коло од француската Лига 1 со 5-1 го декласираше Лориен, но Серхио Рамос нема по добро да ја памети средбата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Рамос е еден од фудбалерите кои летово пристигнаа во клубот и требаше да му помогнат да ја освои Лигата на шампиони (ЛШ), но беа елиминирани од Реал Мадрид. Навивачите го загубија трпението, па често ги исвиркуваат Нејмар и Меси, а сега на ред дојде и шпанскиот дефанзивец.

Во моментот кога Рамос се појави на теренот, навивачите почнаа да го навредуваат, а така беше и при секој допир на Шпанецот со топката.

По натпреварот во одбрана на Рамос застана тренерот Маурисио Покетино.

„Сите сме погодени. Мислам дека тоа е фрустрација од навивачите, но и дека не беше насочено само кон Рамос. Тој е голем шампион и заслужува почит, како и сите фудбалери на ПСЖ“, изјави по натпреварот аргентинскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Тинејџерот кој вреди 100 милиони евра веќе го избрал новиот клуб!

Познатиот африкански фудбалер Јан Диоманде, кој имаше одлична дебитантска сезона во Бундес…