Дома Фудбал Останато И легендарниот Халилхоџиќ со пофалби за Адеми: Секој тим би посакал таков играч!

И легендарниот Халилхоџиќ со пофалби за Адеми: Секој тим би посакал таков играч!

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми си замине од Динамо Загреб по 13 години и потпиша за Пекинг Гуан од Кина, а босанската легенда Вахид Халилхоџиќ имаше само пофални зборови за искусниот фудбалер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Халилхоџиќ смета дека секој тим во светот треба да има фудбалер како Адеми.

„Јас со Адеми имам само убави спомени. Кога бев во Динамо, тој беше сè уште млад. Адеми не е фудбалски магионичар, но тој е фудбалер каков што секој тим треба и мора да има.

Неверојатно позитивна личност, вистински лидер и водач на теренот. Јас само му посакувам да биде здрав и да одигра уште неколку добри сезони“, кажа Халилхоџиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Moдриќ по една сезона го менува бројот во Милан?

Лука Модриќ од наредната сезона би можел да го носи бројот 10 во Милан, но само ако Рафаел…