Дома Македонски спорт Иџе извозе за полицијата, армијата и докторите: Овие празни улици да не се повторат!

Иџе извозе за полицијата, армијата и докторите: Овие празни улици да не се повторат!

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе денес го искористи полицискиот час за да испрати поддршка за најголемите херои во овој момент, докторите и полицијата.

Иџе возеше од Лисиче до Влае и беше поздравуван со аплаузи од балконите во близина на улиците.

По крајот на трката Иџе порача:

„Никогаш повеќе овие улици да не бидат празни. Затоа мудро да се вратиме на секојдневието. Нашите медицински лица, полицијата и армијата се наши херои во овој период. Со својот придонес направија да го надминеме овој тежок период“, изјави Иџе.

По парадата Иџе се сретнат со министрите Наќе Чулев и Венко Филипче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Станковска по златото во Пловдив оди на нов боксерски тест во Бања Лука

Софија Станковска на 5 ноември ќе боксува против Австријката Лина Ленц на „Златна ракавица…