Дома Фудбал Репрезентации Италија со пресврт стигна до победа во Ереван (ВИДЕО)

Италија со пресврт стигна до победа во Ереван (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Италија го одигра својот натпревар од 5-тото коло во квалификациите за Европското првеснтво против Ерменија и на крајот „Аѕурите“ славеа победа од 3:1.

Селекцијата на Италија стигна до петтата победа исто толку одиграни натпревари и практично се најде пред пласман на Европското првенство.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пред гостувањето во Ереван четирикратниот светски шампион важеше за голем фаворит, сепак домаќините беа тие кои први стигнаа до водство. Мрежата на Донарума ја затресе Карапетиан во 11-тата минута, откако одлично беше проигран од Барсегјан.

За Ерменија да не оди со водство на полувреме се погрижи Белоти кој постигна гол пред истекот на половина час игра после нафрлувањето од Емерсон. Пред самиот крај на првиот дел стрелецот Капретиан заработи втор жолт картон и беше исклучен.

Италија ја искористи играчката предност на теренот, прво Лоренцо Пелегрини во 77-тата стрелаше за целосен пресврт, за точка на натпреварот три минути подоцна да стави Белоти со својот втор гол на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Популарниот „Боксинг деј“ каков што не сме навикнати: Само еден натпревар во Премиер лигата – еве зошто е тоа така

Оваа година, 26 декември ќе биде првиот после повеќе децении кога во елитниот ранг на англ…