Дома Најава Италија – Полска: Најава, анализа и предлог тип!

Италија – Полска: Најава, анализа и предлог тип!

0

Италија после дебаклот во квалификациите за Светско првенство вечерва ја започнува новата ера под водство на Роберто Манчини. „Аѕурите“ ќе ги одмерат силите со Полска во Болоња во првото коло од Лигата на нации.

Италија – Манчини најголема надеж на „аѕурите“

Ова ќе биде прв официјален натпревар за Роберто Манчини на клупата на Италија. „Аѕурите“ под негово водство одиграа три пријателски меча, загубија само од светскиот шампион во Париз, па веќе почна да се гледа неговата тренерска рака и на теренот.

Манчини го врати во репрезентацијата својот „миленик“ Балотели, кој е најавен во стартниот тим за овој меч. Италијанската јавност беше изненадена кога селекторот повика многу млади играчи како 17-годишниот Пелегри, но и 19-годишниот Заниоло кои нема ниту еден настап во Серија А. Сепак, за овој дуел ќе се потпре на веќе докажани играчи, особено во одбраната каде ќе игра дуото на Бонучи – Киелини. На голот за прв пат во официјален меч ќе застане легитимниот наследник на Биџон, Џиџо Донарума. Сепак, најмногу се очекува од Жоржињо и Бернардески, фудбалери кои се во најдобра форма во моментов.

Полска – нов селектор, нов почеток

Полската репрезентација се надева на позитивен одговор после разочарувачкото издание на Светското првенство. Во Русија оваа репрезентација не ја помина групната фаза, па Адам Навалка го напушти кормилото, а него го замени Јержи Брзечек.

Оваа репрезентација на Полска иако има неколку респектабилни поединци, сепак се „потпира“ на првата ѕвезда Роберт Левандовски, кој потфрли на Светското првенство. Интерсно, Полска загуби само на две од последните 10 официјални гостувања, но Италија дома е секогаш „тврд орев“ и има подобра традиција. Имено, двете селекции одиграле 14 мегусебни средби на кои Италија остварила пет победи, а Полска само три.

Веројатни состави:

Италија: Донарума, Запакоста, Бонучи, Киелини, Кришито, Жоржињо, Пелегрини, Бернардески, Киеса, Инисње, Балотели.

Полска: Шчешни, Пиетрзак, Беднарек, Реца, Рибус, Горалски, Криховјак, Карол Линети, Милик, Матеус Клих, Роберт Левандовски.

Според обложувалниците Италија е фаворит во овој меч. Коефициентот за победа во Conbet24 изнесува 1.62, за реми 3.55 додека коефицинетот за победа на Полска изнесува 6.50.

Целосниот текст прочитајте го на специјализираниот портал kladenje.mk

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Најава

Проверете

БОМБА: Реал и ПСЖ сакаат да ја „изиграат“ Барса за Нејмар!

Сагата околу евентуалниот трансфре на Нејмар е главна тема откако Бразилецот јавно потврди…