Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Италија блесна на стартот, Турција декласирана! 🎥

Италија блесна на стартот, Турција декласирана! 🎥

Италија на фантастичен начин го отвори Европското првенство, декласирајќи ја селекцијата на Турција.

Во првото полувреме Италија создаваше прилики, но голови не видовме и на пауза се замина со 0:0. До предност Италијанците стигнаа со автоголот на дефанзивецот на Јувентус, Мерих Демирал.

Од тој момент Турција мораше да се отвори, па Италија имаше повеќе простор, па се редеа шанси пред голот на Турција. Дека Италија ќе стигне до победа стана јасно кога погоди Имобиле за 2:0. Конечните 0:3 ги постави Лоренцо Инсиње.

Ова секако е одличен старт за Италија, која ќе потсетиме на Европското првенство влезе со серија од 27 натпревари без пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Фудбалерите го одработија првиот тренинг во Амстердам 📸

Maкедонската фудбалска репрезентација ја чека натпреварот од последното коло во групата на…