Дома Фудбал Италија Италијанците убедени: Во тајност се спрема продажба на Милан за милијарда евра!

Италијанците убедени: Во тајност се спрема продажба на Милан за милијарда евра!

И покрај тоа што кон крајот на септември со отворено писмо демантираше дека сака да го купи Милан сопственикот на луксузниот моден бренд Луи Витон, Бернард Арнолд повторно се поврзува со „росонерите“.

Како што пишува „Кориере дело Спорт“ вториот најбогат човек во светот преговара со фондот Елиот кој во овој момент е сопственик на Милан. Богатството на Французинот се проценува на 93 милијарди евра и според информации за италијанскиот гигант понудил 975 милиони евра.

Во Италија се убедени дека и покрај демантот во тајност се спрема продажба на Милан кој никако не успева да излезе од долгогодишната криза. Пред почетокот на сезоната клубот беше исфрлен од Лигата на Европа поради кршење на финансискиот фер-плеј и во овој момент се наоѓа на 14-тата позиција во Серија А.

Претходно Италијанците пишуваа дека доколку Арнолд го купи Милан на клупата ќе го доведе Масимилијано Алегри кој го освои последното Скудето на овој тим во 2011 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси е тоа и ваква „магија“ за него е нешто нормално 🎥

Барселона вечерва игра против Наполи и е на добар пат да оствари пласман во четвртфиналето…