Дома Фудбал Италијанските медиуми: Пандев наскоро става потпис на нов договор!

Италијанските медиуми: Пандев наскоро става потпис на нов договор!

Горан Пандев стави крај на кариерата во репрезентативниот дрес на Македонија, но според последните најави ќе го гледаме на терените уште една година во дресот на Џенова.

Неколку медиуми во Италија утрово објавија дека Пандев е блиску да ја прифати понудата од Џенова за едногодишна соработка.

Пандев и пред Европското првенство најави дека ќе се пензионира од репрезентативниот дрес по настапите за Македонија, сепак ја остави вратата отворена за клупски кам-бек.

Наскоро тој би требало да го потпише договорот со Џенова, најава за тоа се и фотографиите на на социјалните мрежи на кои може да се види дека тренери за да ја одржи формата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…