Дома Фудбал Исчезна поранешен фудбалер на Челзи: Еден месец не се јавува на никого

Исчезна поранешен фудбалер на Челзи: Еден месец не се јавува на никого

Исчезна поранешниот фудбалер на Челзи и белгиски репрезентативец, Чарли Мусонда.

Мусонда ова лето го раскина договорот со Челзи каде помина десет години, но никогаш не запиша настап за првиот тим. Челзи го праќаше на позајмици во Бетис, Селтик и Витесе, но ниту во еден клуб не успеа да се наметне.

Мусунда требаше да ја оживее својата кариера во Зулте Варагем, каде воодушеви на првите тренинзи и на припремите, но откако клубот му понуди договор тој исчезна.

Од клубот потврдија дека не знаат каде е и дека еден месец не одговара на повиците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Битка за одлепување во Хрватска: Славен и Истра израмнети пред дуелот

Славен Белупо и Истра 1961 го отвораат 12. коло со по 13 бода. Домаќинот доаѓа по победа н…