Дома Останати Тенис Историја: Ѓоковиќ е апсолутен рекордер!

Историја: Ѓоковиќ е апсолутен рекордер!

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ денес ја започна 378. недела на првото место на АТП листата и така стана апсолутен рекордер.

Минатата недела се изедначи со легендарната Германка, Штефи Граф, а од денес испиша нова страница во историјата на овој спорт и постави рекорд кој во иднина ќе биде тешко достижен.

Ѓоковиќ на првото место на АТП листата се наоѓа со 7.070 бодови. Втор на листата е Шпанецот Карлос Алкараз, потоа следат Циципас, Руд, Фриц…

Пред две години Ѓоковиќ го престигна Рожер Федерер по бројот на недели на АТП листата, сега е неприкосновен број еден во двете конкуренции. Зад Ѓоковиќ и Штефи Граф следат, Мартина Навратилова (322), Серена Вилијамс (317)…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ига Швјонтек со пофалби за Ѓоковиќ: “Тој е најдобриот на сите времиња”

Ига Швјонтек, полската тенисерка, изрази големи пофалби за Новак Ѓоковиќ по натпреварот во…