Дома Македонски спорт Мак фудбал Историски момент во македонскиот фудбал: За првпат жена ќе суди натпревар во ПМФЛ!

Историски момент во македонскиот фудбал: За првпат жена ќе суди натпревар во ПМФЛ!

Во последно време во европскиот фудбал се почесто гледаме жени судии на големи и важни натпревари во машка конкуренција, а сега за првпат жена ќе суди и во македонската прва фудбалска лига.

Најдобрата македонска судијка Ива Пројковска во рамките од 25-тото коло од ПМФЛ ќе дели правда на натпреварот помеѓу Шкендија и Победа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Местото на теренот Пројковска апсолутно го заслужи ако се знае дека се почесто добива доверба од УЕФА на натпреварите во женската Лига на шампиони.

Судии за 25. коло во ПМФЛ:

Струга ТЛ – А.Пандев: Јосип Бартон (Скопје)

Шкупи – Скопје: Стојанче Стојанов (Штип)

Шкендија – Победа: Ива Пројковска (Скопје)

Брегалница – Тиквеш: Александар Грујоски (Кичево)

САБОТА:

Македонија ЃП – Работнички: Александар Ставрев (Скопје)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…