Дома Фудбал Информација за Мбапе која ќе ги израдува навивачите на Франција

Информација за Мбапе која ќе ги израдува навивачите на Франција

Килијан Мбапе се здоби со скршеница за време од натпреварот од првото коло против Австрија и поради тоа најверојатно нема да биде на располагање за дуелот со Холандија.

Стравуваа Французите дека Мбапе може да не биде спремен и за дуелот против Полска во третото коло од групата, но сепак последната порака од неговиот соиграч Вилиам Салиба е охрабрувачка.

„Го видов утрово, беше малку подобар. Мислам дека замина на уште тестови. Не знам ништо повеќе. Сепак, кога го видов утровот – делуваше дека Мбапе е подобар“, изјави Салиба.

Франција против Холандија игра во петок од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…