Дома Фудбал Останато Инфантино за СП на две години: Така ќе има помалку мигранти кои се дават во морињата

Инфантино за СП на две години: Така ќе има помалку мигранти кои се дават во морињата

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино се обиде да ја оправда потребата од одржување на Светското првенство на секои две години во говорот пред Европскиот парламент.

Тој шокантно изјави дека промената на фудбалскиот календар и одржувањето на светските првенства на секое две години, ќе значи дека помалку Африканци ќе се обидуваат да мигрираат во Европа и така ќе се спречи ризикот од нивно загинување во Медитеранот.

„Не се работи за тоа дали сакаме двегодишно Светско првенство, туку што сакаме да правиме со иднината на фудбалот. Ако размислуваме за остатокот од светот и за поголемиот дел од Европа, тогаш треба да размислиме што ни носи фудбалот. Фудбалот е можност, надеж , фудбалот е репрезентација“.

„Мораме да им дадеме надеж на Африканците за да не мора да го преминуваат Медитеранот за да најдат подобар живот, а најверојатно смрт на море. Мораме да им дадеме шанси за достоинство, не со добротворни акции, туку со тоа што ќе му дадеме на остатокот на светот шанса да учествува“, изјави Инфантино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нереди во Париз: Навивачи на Ливерпул без влезница се обидувале да влезат на стадионот! 🎥

Финалето од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид не започна во 21 часот како…