Дома Фудбал Интер сака да го врати Конте

Интер сака да го врати Конте

Раководството на Интер имало разговор со Антонио Конте за можното враќање на стратегот на клупата на „нероаѕурите“.

Преговорите меѓу Конте и Тотенхем за продолжување на соработката се стопирани и Италијанецот готово сигурно ќе си замине на крајот на сезоната.

Конте сака да се врати во Италија, а претставници на Интер имале првичен разговор со тренерот за евентуално враќање на кормилото на „Џузепе Меаца“.

Интер размислува за евентуална смена  на Симоне Инзаги, но само доколку најде етаблирани тренерско име.

„Нероаѕурите“ последното Скудето го освоија токму со Конте на клупата, па се заинтересирани да го вратат во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадување во Ливерпул: Гравенберх како десен бек против Брајтон?

Рајан Гравенберх би можел да добие сосема поинаква задача против Брајтон. Според „Ливерпул…