Италијанскиот напаѓач Џанлука Скамака минатото лето се пресели во Вест Хем, но најверојатно експресно да се врати во Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Скамака со настапите во Сасуоло се етаблираше во еден од најголемите таленти на Апенините, но во Премиер лигата се уште не може да се адаптира.
Рома веќе подолго време покажува интерес, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Интер.
„Нероаѕурите“ се во потрага по напаѓач откако пропадна трансферот на Лукаку, а една од најголемите желби е токму Скамака.
Вест Хем за слободата на Италијанецот бара 30 милиони евра, а Интер почнал преговори со „чеканите“ и ќе се обиде да договори позајмица со задолжителен откуп после две години.
#Inter, ipotesi #Scamacca sempre viva: filo diretto con il West Ham ⬇️ https://t.co/MoSlO8T90s
— Gianluigi Longari (@Glongari) July 30, 2023