Дома Фудбал Интер објави рекордни загуби во историјата на Серија А

Интер објави рекордни загуби во историјата на Серија А

Италијанскиот шампион Интер после 11 години го освои Скудетото, но и покрај тоа финансиската ситуација во клубот е катастрофална.

За финансиските проблеми на „нероаѕурите“ стана јасно уште во летото, но сега беа официјализирани откако беше објавен финансискиот отчет за последната година.

Интер објави загуба од 245,6 милиони евра, која е рекордна во историјата на Серија А. Претходната година „нероаѕурите“ објавија загуби од 102.4 милиони евра, па јасно е дека ситуацијата во клубот е алармантна.

Токму поради ваквите финансиски резултати Интер ова лето мораше да ги продаде Лукаку и Хакими, но тоа не ги реши во целост проблемите на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…