Дома Фудбал Италија Интер негира: Не сме контактирале никого, Де Бур останува!

Интер негира: Не сме контактирале никого, Де Бур останува!

Изминатите денови медиумите во Италија пишуваа дека тренерот на Интер, Франк де Бур е пред отказ и лецитираа со неколку имиња како можни наследници.

Се појавија информации дури дека „нероаѕурите“ започнале преговори со Лоран Блан и Леонардо, но денес спортскиот директор Пјер Аусилио го демантираше тоа.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Не сме контактирале ниту еден тренер, задоволни сме со Де Бур и тој останува наш тренер. Поминуваме низ тежок период, погрешивме на два-три натпревари, но Де Бур има одлична филозофија и ние сме задоволни од неговата работа“, истакна Аусилио.

Довербата кон Де Бур денес ја потврдија и сопствениците на клубот како и претседателот Ерик Тохир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова е новиот тренер на Реал Мадрид: Се чека само грешка на Чаби Алонсо

Чаби Алонсо, во случај на грешка против Алавес, би можел да добие отказ на позицијата трен…