Алексис Санчез оваа сезона е на позајмица од Манчестер Јунајтед во Интер, но поради повреда не се изнаигра многу.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сепак, во Интер се задоволни од прикажаното па сака да ја продолжи неговата позајмица од Јунајтед.
Интер нема опција да го откупи неговиот договор, но со оглед на тоа дека позајмицата му истекува на 30. јуни, започнаа преговори за продолжување на договорот до крајот на сезоната.
Останува да видиме дали Јунајтед ќе се согласи на тоа, бидејќи и тие се наоѓаат во слична ситуација околу обидот да ја продолжат позајмицата на Игало.
Исто така, се поставува прашањето дали Интер ќе продолжи да ја плаќа истата сума или ќе мора да ја плаќа целата плата на Алексис.