Дома Топ вести Интер и Сити спремаат спектакуларна трампа

Интер и Сити спремаат спектакуларна трампа

Интер ќе се обиде ова лето да го донесе напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, пренесуваат италијанските медиуми.

„Граѓаните“ се силно заинтересирани за дефанзивецот Милан Скриниар, а Интер како дел од трансферот сака да го побара потписот на Агуеро.

До скоро време Интер беше категоричен дека нема да се разделува со Скриниар, но во последно врееме почна да го менува мислењето. Словакот оваа сезона не игра добро во формација со тројца дефанзивци, па „нероаѕурите“ би можеле да го продадат доколку пристигне примамлива понуда.

Меѓутоа, Интер сигурно ќе бара сериозна сума за неговата слобода, па ќе се обиде да го убеди Сити како дел од трансферот да го вклучат и Серхио Агуеро.

32-годишниот Агуеро и оваа сезона беше многу важен дел од тимот на Гвардиола, но Сити веќе почна да бара негова замена.

Со оглед на неговата возраст и честите повреди, „граѓаните“ се спремни да прифатат ваква трампа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ареола го напушти Реал Мадрид и се врати во ПСЖ

Францускиот голман Алфонс Ареола го напушти Реал Мадрид. Ареола на почетокот од сезона во …