Дома Фудбал Интер и Инзаги ги чекаат добри вести по репрезентативната пауза

Интер и Инзаги ги чекаат добри вести по репрезентативната пауза

Eкипата на Интер влезе во турбулентен период и во последните пет натпревари забележа три порази и тоа секако е премногу за клуб кој има амбициите да биде шампион на крајот од сезоната.

Ваквиот период се поклопи и со повредата на Ромелу Лукаку на кого Инзаги не може да смета уште од пресметката со Лацио и неговото отсуство се чувствува на теренот.

Рехабилитацијата на Лукаку оди во посакуван правец и доколку не се појави некаков дополнителен проблем тој веднаш по репрезентативната пауза ќе се врати на теренот и ќе конкурира за дербито со Рома.

Засега тој работи под надзор на докторите и се очекува да биде спремен за предизвиците кои се пред Интер до паузата за Мундијалот во Катар. Во овој момент не е познато кога Чалханоглу ќе се врати на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две мајстории за будење на Јувентус: Алајбеговиќ и Бога го урнаа Наполи!

Јувентус славеше со 2-0 во дербито со Наполи, а победата ја донесоа два прекрасни удари од…