Oна што се најавуваше предмалку Интер и официјално го потврди – Антонио Конте повеќе не е тренер на клубот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
После сите најави беше јасно дека се е завршено и се чека само официјалното соопштение кое сега и пристигна.
„Интер објавува дека е постигнат договор за раскинување на соработката со тренерот Антонио Конте. Целиот клуб е благодарен за работата што ја заврши, а сето тоа кулминираше со освојувањето на Скудетото. Името на Конте секогаш ќе остане запишано во историјата на нашиот клуб“, стои краткото соопштение.
Нема официјални информации, но медиумите пишуваат дека Интер ќе му додели на Конте седум милиони евра бонус за предвременото раскинување на договорот.