Дома Фудбал Интер два месеци без Питбулот

Интер два месеци без Питбулот

Играчот за врска на Интер, Гари Медел ќе биде надвор од терените следните два месеци поради повреда на коленото, пренесува „Газета дело Спорт“.

Чилеанецот се повреди на дербито против Милан, а лекарските прегледи покажаа дека има кинење на менискусот на коленото, по што му следува подолга пауза.

Интер денес и официјално ја потврди повредата на „Питбулот“, но надежта е дека тој ќе може да се рехабилитира за помалку од два месеци.

Ова е сигурно голем удар за новиот тренер Пиоли, кој го смести Медел во срцето на одбраната како партнер на Миранда и кого го смета за еден од најважните фудбалери во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…