„Газета дело Спорт“ тврди дека главна трансфер цел на Интер во летниот преоден рок ќе биде Џанлука Скамака од Сасуоло.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Нероаѕурите“ се во потрага по напаѓач бидејќи Џеко е на залез на кариера, па Скамака е првиот избор на раководството.




Сасуоло за својот напаѓач бара 40 милиони евра, меѓутоа Скамака е желба на повеќе клубови, но според најавите Интер е во пол-позиција.




Скамака блеска во дресот на Сасуоло и веќе има два настапи за италијанската репрезентација, а важи за еден од најголемите таленти на Апенините.