Дома Фудбал Италија Интер го започнува проектот „Спалети 2021“

Интер го започнува проектот „Спалети 2021“

Тренерот на Интер Лучијано Спалети ќе го продолжи договорот со „нероаѕурите“ пред почетокот на сезоната, пренесуваат медиумите во Италија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Спалети минатата сезона оствари одлични резултати со тимот и го врати во Лигата на шампиони, па „нероаѕурите“ се убедени дека тој е вистинскиот човек за во иднина.

Според новиот договор Спалети ќе се обврзи на верност со „нероаѕурите“ до 2021 година, а ќе добие и значително зголемување на платата.

Раководството на клубот ги исполни сите желби на Спалети на трансфер пазарот и на тренерот му даде тим со кој ќе може да се бори на сите три фронта.

Во Интер веруваат дека Спалети е клучна алка за градење на тим кој во иднина ќе може да го освои Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јунајтед бесплатно ги пушти играчите за кои ги плати 170 милиони евра

Џејдон Санчо (26), Касемиро (34) и Тајрел Маласија (26) заминуваат од Манчестер Јунајтед к…