Дома Фудбал Англија Интересот е огромен: Ливерпул повторно ќе го проширува Енфилд

Интересот е огромен: Ливерпул повторно ќе го проширува Енфилд

Европскиот шампион Леверпул, најави дека повторно планира дополнително да го прошири капацитетот на својот стадион „Енфилд“, поради зголемиот интерес за домашните натпревари.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Клубот поделил повеќе од 5.000 летоци за да го повика локалното население и дел од бизнисмените на јавни средби на кои ќе се зборува за зголемување на капацитетот на стадионот.

Интересно за да се гледа тимот на Јирген Клоп е огромен па го надминува капицитетот на „Енфилд“ кој изнесува 54.000 седишта, посебно по освојувањето на титулата во Лигата на шампионите.

Поради тоа најавена е нова реконструкција со која капацитетот на Енфилд ќе се зголеми за нови 6.000 места, односно ќе има капацитет од 60.000 места.

Интересно е што „црвените“ пред само три години инвестираа 130 милиони евра во доградба на својот стадион, кој претходно имаше капацитет од 45.000 места.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …