Дома Фудбал Иниеста предупредува: Разликата со Реал е голема, но…

Иниеста предупредува: Разликата со Реал е голема, но…

Ѕвездата на Барселона и шпанската репрезентација, Андрес Иниеста предупредува дека Реал Мадрид не треба да биде отпишан од трката за титулата.

Европскиот и светски шампион заостанува цели 14 бода зад Каталонците, но искусниот Иниеста се уште не ги отпишува „кралевите“.

„Има уште многу време до крајот на сезона, ова е фудбал. Разликата во моментов е навистина голема, но многу пати сме гледале историски пресврти. Не треба да правиме грешки и да дозволиме да ја намалат разликата. Најважно во моментов е што се чувствуваме задоволени“, изјави Иниеста, кој призна дека разликата на табелата не ја отсликува реалната слика во квалитет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мулер ги фаворизира Олисе и Мбапе за Златна топка

Томас Мулер ги истакна Мајкл Олисе и Килијан Мбапе како главни кандидати за Златната топка…