Замина Чави, ќе замине и Иниеста еден ден. Иако е тешко да се замисли Дон Андрес во некој друг клуб освен во Барселона, изгледа дека времето на разделба полека се доближува.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кинезите подготвија брутална понуда за шпанскиот ветеран која тешко се одбива. Тамошниот прволигаш, е сериозен во намерата Иниеста на крајот на сезоната или евентуално следната зима да премине во нивните редови. И подготви голема сума. Имено, кинескиот клуб понуди 70 милиони евра за две сезони, односно 35 милиони по сезона.
Тијанџин Куангџан е еден од новите кинески клубови, но и еден од најбогатите. Веќе во неколку причлики го потресе трансфер пазарот со Витсел, Модест и Пато.
Доколку Иниеста ја прифати оваа понуда, ќе стане третиот најплатен играч во светот. Апсолутен рекордер по тоа прашање е Меси со 43 милиони евра по сезона, Нејмар заработува 36 милиони евра, а Иниеста би застанал рамо до рамо со Бразилецот од ПСЖ.