Дома Фудбал Англија Иненадување: Видете кој е фаворит да го замени Мурињо на „Олд Трафорд“

Иненадување: Видете кој е фаворит да го замени Мурињо на „Олд Трафорд“

Жозе Мурињо лошо ја отвори сезоната со Манчестер Јунајтед и после две кола го запиша првиот пораз, но играта која ја прикажуваат „црвените ѓаволи“ е загрижувачка.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Раководството на славниот англиски клуб за сега го поддржува Мурињо, но се погласни се шпекулациите дека „Специјалниот“ може да го напушти клубот, особено поради фактот што незадоволството на фановите расте од ден на ден.

Мурињо има лоши односи со играчот, особено со Пол Погба, а англиските медиуми пренесуваат дека раководството на клубот од „Олд Трафорд“ овој пат ќе застанат на страната на фудбалерот.

Обложувалниците пред почетокот на сезоната дадоа најмал коефициент дека Мурињо прв ќе добие отказ оваа сезона, а медиумите веќе почнаа да шпекулираат со имињата кои би можеле да го заменат.

Пред неколку дена се споменуваше Зинедин Зидан, но обложувалниците тврдат дека главен фаворит е Антонио Конте. Коефицинетот за Италијанецот изнесуваше 15, а сега драстично падна и изнесува 6.00.

Конте пред почетокот на сезоната доби отказ од Челзи и се уште е на платен список на „сините“, но набрзо треба да се ослободи со добивање на бонус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Швајцарците во страв: Американците ги сместиле во домот на едни од најтровните змии

Швајцарската репрезентација сериозно размислува за напуштање на тренинг-базата, а проблемо…