Дома Македонски спорт Мак фудбал Имобиле спречи сензација во Скопје: Македонија-Италија 2:3

Имобиле спречи сензација во Скопје: Македонија-Италија 2:3

На отворањето на квалификациите за СП 2018 во Скадар против Албанија загубивме во последните минути, против Израел на домашен терен не реализиравме пенал за реми во 94. минута, а среќата не беше на наша страна ниту на домашната пресметка со големата Италија.

Наместо трета среќа, одново разочарување во последните минути. Овој пат не поради нашата игра, која беше веројатно најдобра до сега во овие квалификации, туку поради двата погодока на Чиро Имобиле со кои тој спречи големо изненадување во Скопје.


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


Напаѓачот на Лацио погоди во 75. и 91. минута за пресврт и конечни 3:2 за гостите откако Илија Несторовски во 57. и Ферхан Хасани во 59. минута беа творци на нашиот сензационален пресврт за предност од 2:1. Во првиот дел Андреа Белоти по наше невнимание при корнер во 24. минута го отвори резултатот. За тоа каква сензација ќе беше евентуалната победа на Македонија над Италија доволно зборува фактот дека „азурите“ немаат пораз на 53-те последни свои настапи во квалификациите (39 победи и 14 ремија).

Со овој, нов разочарувачки пораз, Македонија остана на претпоследното место во групата Г без ниту еден освоен бод. Исто како и Лихтштајнер, но со подобра гол-разлика. Сега лидери се Шпанија, која во Албанија славеше со 2:0, и Италија со 7 бодови. Албанија и Израел имаат по шест бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Италија си даде автогол, Шпанија во осминафинале🎥

Шпанија го доби дербито против Италија со 1:0 и тоа со автогол и го обезбеди првото место …