Дома Фудбал Италија Роналдо се врати во Јувентус со хет-трик, а сега нема да игра?

Роналдо се врати во Јувентус со хет-трик, а сега нема да игра?

За Португалија тресеше мрежи, но сега Роналдо ќе го пропушти натпреварот на Јувентус против Аталанта.

Роналдо се врати во клубот, но Сари потврди дека ништо не зборувале за ситуацијата од натпреварот против Милан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Секако дека не разговаравме за тоа, уште кога тренирав аматери научив дека ниту еден играч не е задоволен кога излегува од игра“, изјави Сари.

Тој додаде дека Роналдо не е добро и дека има повреда со која играше за Португалија во финишот од натпреварот. С одруги зборови Јувентус нема да ризикува и на важното гостување во Бергамо ќе оди без Португалецот.

Најавите се дека би можел да настапи во натпреварот против Атлетико во Лигата на шампионите.

Ова е малку чудно затоа што од репрезентацијата на Португалија зборуваа дека Роналдо нема никаква повреда. Ќе потсетиме, Португалецот во натпреварот против Литванија постигна хет-трик. Останува времето да покаже дали помеѓу Сари и Роналдо има некаков проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…