Дома Останати „Имам среќа што останав жив“, автомобил го удрил Мекгрегор додека возел велосипед

„Имам среќа што останав жив“, автомобил го удрил Мекгрегор додека возел велосипед

Ирскиот борец Конор Мекгрегор се соочи со сериозна несреќа откако бил удрен од автомобил додека возел со својот велосипед по локалниот пат.

Мекгрегор објави видео и го потврди инцидентот, порачувајќи дека имал среќа што останал жив и што поминал без повреди.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


„Возачот поради сонцето не можел да ме види, помина со голема брзина и удри во мене. Фала ти боже што сега не беше моето време за yмирање“, порача Мекгрегор.

Ирецот додаде дека познавањето од боречки вештини му го спасило животот.

„Благодарен сум исто така на моето познавање на борењето и џудо. Начинот на кој паднав по ударот беше клучен да си го спасам животот“, додаде Ирецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…