Италијанските медиуми изненадувачки пренесуваат дека Лучијано Спалети би можел да се раздели и да бара нова средина, иако овој тим стигна до Скудетото по чекање од 33 години.
Наводно Спалети бил лут на раководството на Наполи бидејќи не бил повикан на продолжување на соработката и најавил заминување.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Овие информации секако се изненадувачки бидејќи Спалети му ја донесе на Наполи титулата на која тимот чекаше повеќе од три децении, а освен тоа играше и ¼ финале во Лигата на шампионите.
Во италијанските медиуми веќе се шпекулира за негов наследник и според последните информации, Де Лаурентис разговарал со поранешниот тренер Рафаел Бенитез, а се споменува и Кристоф Галтие.