Дома Останати Ракомет Изненадување: Никола Карабатиќ вечерва пристигнува во Берлин!

Изненадување: Никола Карабатиќ вечерва пристигнува во Берлин!

Изненадувачки вести пристигнуваат од Франција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Никола Карабатиќ нема да се откаже од својата петта титула шампион на светот!

Карабатиќ заработи повреда и беше опериран, планирано беше да се опоравува до февруари, меѓутоа според многумина најдобриот ракометар на сите времиња успеал да се опорави порано и да се стави на располагање на селекторот Дидие Динард.

Пристигнувањето на Карабатиќ се очекува вечерва каде што ќе биде 18-ти играч покрај прекубројниот Мелвин Ричардсон.

„Зборував со луѓето во ПСЖ и создадоа услови Никола да биде со нас. Тој е многу важен играч за оваа екипа, но во овој момент мораме преку тренинзи да провериме каква е неговата состојба“, изјави Динард за Л’Eкип.

Србија и Франција натпреварот од второто коло на СП го играат вечерва од 20:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Уште една македонска ракометарка потпиша за Црвена Звезда!

Македонската ракометарка Елена Ѓорѓиевска ќе ја продолжи својата интернационална кариера в…