Дома Топ вести Изненадување: Лука Јовиќ се сели на „Олд Трафорд“

Изненадување: Лука Јовиќ се сели на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед до затворањето на преодниот рок сака да донесе централен напаѓач на „Олд Трафорд“, а прва мета е Лука Јовиќ од Реал Мадрид.

Ова го соопшти експертори за трансфери Ди Марцио, кој открива дека „црвените ѓаволи“ работат на трансферот на српскиот напаѓач, а како алтернатива се споменува Единсон Кавани.

Зидан и оваа сезона не смета на Јовиќ, кој е спремен да го напушти Мадрид во потрага по поголема минутажа.

Манчестер Јунајтед сака да го донесе Јовиќ на едногодишна позајмица со можност за откуп следното лето.

Доколку не успеат да се договорат со Реал Мадрид за Јовиќ, тогаш Јунајтед ќе се насочи кон Едисон Кавани, кој е слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Конте го загуби трпението, Брозовиќ се сели во Англија

Италијанските медиуми тврдат дека Марсело Брозовиќ наскоро може да го напушти Интер и кари…