Дома Фудбал Изненадување: Катарец може да го наследи Чеферин?!

Изненадување: Катарец може да го наследи Чеферин?!

Во текот на вчерашниот ден Александар Чеферин потврди дека нема да се кандидира за нов мандат по истекувањето на сегашниот во 2027.

Не требаше многу време за да почна се шпекулира со имињата за негов наследник. Едно од имњата која излезе во преден план е претседателот на ПСЖ, Несар Ал Келаифи.

Неговото име е изненадување затоа што станува збор за човек кој не е европеец. Од моментот кога првпат се појави обидот за Суперлигата тој е прв човек на Европската асоцијација на клубови каде што дојде на местото на Андреа Ањели, па така е еден од поблиските соработници на Чеферин.

Исто така треба да се знае дека Ал Келаифи е и прв човек на катарскиот тенис, како и потпретседател на Азиската тениска федерација за Западна Азија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…