Дома Останати Изненадување во Монте Карло: Медведев го елиминира Ѓоковиќ

Изненадување во Монте Карло: Медведев го елиминира Ѓоковиќ

Рускиот тенисер Данил Медведев приреди големо изненадување и го елимнираше Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на турнирот во Монте Катло.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Србинот важеше за апсолутен фаворит, но направи многу грешки и загуби со 2:1 во сетови (3-6, 6-4, 2-6).

Првиот сет го доби Медведев за само 39 минути. Ѓоковиќ се врати во вториот сет, но во решавачкиот делуваше уморно и направи голем број на грешки.

Медведев е само вториот тенисер кој успеал во четвртфиналето да го добие Ѓоковиќ токму во Монте Карло, првиот е Давид Гофан во 2017 година.

Во полуфиналето Медведев повторно ќе игра против Србин, овој пат протовник ќе му биде Душан Лајовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ дозна кога го игра следниот меч на Ролан Гарос

Ролан Гарос го објави распоредот за мечевите во петок, кога повторно ќе игра Новак Ѓоковиќ…