Светскиот рекет број еден во овој момент Карлос Алкараз доживеа изненадувачка елиминација на стартот на АТП турнирот од серијата 500 во Астана.
На самиот старт на турнирот во првото коло Алкараз беше поразен од Давид Гофан со 2:0 во сетови. Иако во првиот сет Гофан имаше предност од 5:2, Алкараз успеа да однесе сетот во неизвесна завршница, но таму сепак Белгиецот го освои со 7:5.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Во вториот сет повторно Гофан брзо стигна до предноста од 5:2, но овој пат Алкараз не успеа да се врати и го загуби сетот со 6:3. Второто коло за Гофан ќе донесе меч против подобриот од дуелот на Адриан Манарино и Стен Вавринка.