Дома Фудбал Изненадување: Аморим во Премиер лигата, но не во Ливерпул?!

Изненадување: Аморим во Премиер лигата, но не во Ливерпул?!

Tренерот на Спортинг Рубен Аморим на големо се поврзуваше со Ливерпул, се најавуваше и дека работата е скоро завршена, но сега се појавуваат изненадувачки информации.

Наводно, Аморим сега води преговори со тимот на Вест Хем. Информациите се дека Аморим бил забележан во Лондон на преговори со „чеканите“ каде што во овој момент е тренер Дејвид Мојс.

Вест Хем му го презентирал проектот на Аморим и инсистира тој да биде нивниот нов тренер. Португалецот преговарал, но засега не прифатил ништо и разговорите ќе продолжат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хрватска – Чешка 2:1: Перишиќ по две минути, Мајер во 87. минута за победа во Осиек

Хрватска во последното коло од групата во Лигата на нациите ја совлада Чешка со 2:1. Периш…