Дома Останати Тенис Изненадувачка изјава од тренерот на Ѓоковиќ: Надал ќе го победи Новак и ќе стигне до финалето на Ролан Гарос

Изненадувачка изјава од тренерот на Ѓоковиќ: Надал ќе го победи Новак и ќе стигне до финалето на Ролан Гарос

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ синоќа лесно и убедливо избори пласман во второто коло на Ролан Гарос, го победи Јапонецот Нишиока со 3:0 во сетови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според проекцијата на ждрепката, доколку нема поголеми изненадувања, Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето би требало да се сретне со својот најголем ривал Рафаел Надал, а актуелниот тренер на Новак Горан Иванишевиќ во интервју за париски „Л’Екип“ изјави дека тоа ќе биде најголемото четвртфинале во историјата на овој грен слем турнир.

Но, во таа прилика Иванишевиќ даде и една изненадувачка изјава, поврзана со исходот од потенцијалниот дуел Ѓоковиќ – Надал во Париз.

„Кога ја видов ждрепката,веднаш кажав дека Надал ќе стигне до финалето, што значи дека ќе го победи Новак. За мене има само еден фаворит на Ролан Гарос а тоа е Рафаел Надал! Дури и со повредата на стапалото што ја имаше во Рим“, изјави Иванишевиќ.

Звучи чудно, но намерата на Иванишевиќ можеби е да изврши мал притисок врз Надал со тоа што му ја додели фаворитската улога.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Објавена новата АТП листа: Еве на кое место се наоѓа Новак Ѓоковиќ по Вимблдон

Двократниот освојувач на Вимблдон, Италијанецот Јаник Синер, со победата во финалето проти…