Дома Фудбал Англија Извлечени паровите за третото коло во ФА Купот (ФОТО)

Извлечени паровите за третото коло во ФА Купот (ФОТО)

Вечерва беа извлечени паровите во рамки на третото коло од најстарото натпреварување на светот- ФА купот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во третото коло се вклучуваат и премиерлигашките екипи.

Веќе на самиот старт, ќе можеме да го гледаме големото градско дерби, се состануваат Евертон и Ливерпул.

Манчестер Јунајтед, Арсенал и Челзи имаа среќа, бидејќи ги извлекоа Дерби Каунти, Нотингем форест и Норич, додека последниот ривал од пониската лига го извлече Тотенхем, кој ќе го дочека легендарниот Вимблдон.

Манчестер Сити за разлика од споменатите тимови сепак доби премиерлигаш за противник, односно екипата на Барнли.

Сите натпревари се играат во првата недела од јануари, односно во периодот од 5ти до 8ми јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Со авионот на Бразил дома се вратил само еден фудбалер

По разочарувачката елиминација во осминафиналето на Светското првенство од Норвешка (2:1),…