Дома Фудбал Лига на шампиони Извлечени групите во Лигата на шампионите!

Извлечени групите во Лигата на шампионите!

Денес беа извлечени групите за новата сезона во Лигата на шампионите и со сигурност можеме да кажеме дека не очекуваат возбудливи натпревари во најсилното европско натпреварување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Големо внимание секако привлекува групата Г каде што се најдоа Јувентус и Барселона, ова ќе значи дека ќе видиме нов дуел Меси – Роналдо. По имињата на клубовите како најтешка изгледа групата Х (ПСЖ, Јунајтед, Лајпциг, Башакшехир), а група на која неутралните љубители на фудбалот се радуваат сигурно е онаа во која се Ливерпул, Ајакс и Аталанта тука сигурно не очекуваат голови и атрактивен фудбал.

ГРУПА А: Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Салзбург, Локомотив Москва

ГРУПА Б: Реал Мадрид. Шахтјор, Интер, Борусија Менхенгладбах

ГРУПА Ц: Порто, Манчестер Сити, Олимпијакос, Maрсеј

ГРУПА Д: Ливерпул, Ајакс, Аталанта, Мјитиланд

ГРУПА Е: Севиља, Челзи, Краснодар, Рен

ГРУПА Ф: Зенит, Борусија Дортмунд, Лацио, Клуб Бриж

ГРУПА Г: Јувентус, Барселона, Динамо Киев, Френцварош

ГРУПА Х: ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Лајпциг, Башакшехир

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Oбјавен распоредот на натпревари за новата сезона во ВМФЛ

Натпреварувачката комисија при ФФМ го објави распоредот на натпревари за претстојната сезо…