Дома Останати Кошарка Извлечени групите во Еврокупот!

Извлечени групите во Еврокупот!

Извлечени се групите за кошаркарскиот Еврокуп за сезоната 2017/2018. Регионот, односно АБА лигата, ќе партиципира со три тима Партизан, Будуќност и Цедевита.

Натпреварувањето во Европкупот и оваа сезона ќе го почнат 24 екипи кои се поделени во четири групи. Победникот во Еврокупот ќе избори директен пласман во Евролигата.

Група А: Уникс Казањ, Дарушафака, Цедевита, Торино, Морабанк Андора, Париз

Група Б: Галатасарај, Баерн, Хапоел Ерусалим, Реџо Емилија, Лијеткабелис, Будуќност

Група Ц: Локомотив Краснодар, Алба, Лијетувос, Билбао, Лимож, Партизан

Група Д: Гран Канарија, Зенит, Тофаш, Доломити, Улм, Асвел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На 19 години синот на Перо Антиќ почна тренерска кариера!

Синот на македонската кошаркарска легенда и поранешен репрезентативец Перо Антиќ, Лука Ант…